Image by frimufilms on Freepik

20.10.2022 Скопје

Порталот seenews.com објави ранг-листа на најголемите банки во Југоисточна Европа по вкупна актива според неконсолидираните биланси на 31 декември 2021 година.

За да се овозможи споредба, сите локални валути се конвертирани во евра, користејќи ги официјалните девизни курсеви на централните банки на последниот работен ден од 2021 и 2020 година. При пресметување на промените од година во година беа користени бројки во локална валута.

Сите податоци се добиени од централните банки, националните комерцијални регистри, комисии за финансиска супервизија, банкарски здруженија, владини и корпоративни веб-страници и самите компании.

Почетниот фонд на компаниите надминува 260 банки регистрирани во регионот, вклучувајќи филијали и претставништва на странски банки.

На врвот доминираат банките од Романија, дури пет од првите десет и три меѓу најголемите пет. Најголема е Банка Трансилванија, пред Банка комерцијала Романија.

Потоа следуваат две хрватски банки, Загребачка банка и Привредна банка, а на петото место е романската БРД од Групацијата Сосиете женерал.

Од Република Северна Македонија во ранг-листата се најдоа вкупно пет банки, при што најдобро е рангирана Комерцијална банка – Скопје, која се најде на 42 место, едно место погоре во однос на претходното рангирање. На 50. место е Стопанска банка – Скопје, во 2021 година се најде едно место погоре на листата, а на 53. место е НЛБ банка.

Годинава, Шпаркасе банка за прв пат се најде меѓу 100 најголеми банки во Југоисточна Европа. Рангирана е на 73 место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author