14.10.2022 Скопје
Високиот холестерол стана главна грижа и една од најчестите болести во современиот свет.
Д-р Лора Пурди објасни дека холестеролот е вид масни молекули кои циркулираат во крвотокот, објаснувајќи дека обично доаѓа до разградувањето на масните молекули во процесот на варењето, но некои луѓе може да имаат генетски или некои други состојби, кои доведуваат до тоа нивното тело во крвните садови да задржува поголеми количини холестерол од просечните. Воедно, додаде дека постојат неколку различни видови на холестерол, а често за нив се зборува во термините „добар“ и „лош“ холестерол.
Докторката Пурди информира дека добриот холестерол е уште еден термин за ХДЛ, што е кратенка за липопротеин со висока густина и овој посебен тип на холестерол помага во отстранувањето на другите штетни видови на холестерол од телото. Додека пак, ЛДП е кратенка за липопротеин со ниска густина, а тоа е вид на лошиот холестерол кој би требало да се контролира за да се спречи ризикот од кардиоваскуларни болести. Воедно, истакна дека овој тип на холестерол може да придонесе за формирање на наслаги во артериите во нашето тело, а кој може да предизвика срцев и мозочен удар. Затоа е важно да се разберат разликите помеѓу тие два вида холестерол, особено кога станува збор за долгорочно здравје.
Како што објасни д-р Пудри, некои луѓе кои имаат висок холестерол ќе развијат ксантоми, наслаги или мали тумори на холестерол кои можат да бидат видливи на одредени делови од телото. Исто така, д-р Пудри појасни дека тие изгледаат како мали, восочни, жолтеникави испакнатини и многу често се гледаат под очите, но не се појавуваат насекаде по целото тело.
Ксантомите се физичка манифестација на високиот холестерол и луѓето кои ги имаат овие типови мали тумори на кожата би требало да направат анализа на крвта.
За прекумерната дебелина, д-р Пудри истакна дека е многу стресна за телото и предизвикува неколку медицински состојби, вклучително и висок холестерол. Воедно, објасни дека постои многу поголем процент на зголемен холестерол кај луѓето кои имаат прекумерна телесна тежина или се дебели отколку кај луѓето кои не се. Тоа е случај и со децата и со адолесцентите, не само со возрасните луѓе. Поради тоа, д-р Пудри препорача возрасните, тинејџерите и децата со прекумерна телесна тежина или превисок БМИ да прават анализи на крвта во склоп на годишниот систематски преглед за да се утврди нивото на холестерол.
Подготвено од А.Ѓ.