https://www.flickr.com/photos/161115884@N07/26705728707/in/photolist-GFTQJp-aWAae-7Bj6VN-aJ1NWp-2nfK6Ai-oLvR9e-2iUt6r3-2nqRrs3-hfZNcu-2npFiaJ-2ngmubL-7Bj7of-2j3GZg5-2nojH9c-bNDYkB-7BfhNg-kfr3rn-2kXeUZb-2miVJqM-cyvPt3-2mdF1MH-kJ8NW-2nNBGih-hfZUeC-4d1FCG-2j3CN7R-hfZwcc-hg1Vhg-2iDyNME-2noNHnF-2irqL5y-6CVf9j-7BfhTr-2mdDAFC-7Bj6tf-2jX5Ver-hfZNG7-jKcp1i-4tDhnx-hQHdZp-hQHc9k-7Bj7ay-5WjZqM-7Bj6zs-oha1gz-dGYq4u-4v6r4E-Q9S9JM-hQHLfE-59AMkL

06.10.2022 Скопје

Тромбозата претставува потенцијално животозагрозувачка состојба што може да предизвика згрутчување и стопирање на снабдувањето со крв на органите, што може клинички да се манифестира како срцев или мозочен удар.

Тромбозата се јавува кога се формира згрутчување во вена или во артерија, што ја спречува правилната циркулација на крвта во нив. Длабока венска тромбоза е ако згрутчувањето се појави на вените на долните ексремитети, додека пак ако тромб се смести во белите дробови, може да предизвика ургентна медицинска состојба позната како белодробна емболија. До цереброваскуларен инсулт, или пак мозочен инфаркт, може да дојде ако згрутчувањето мигрира во артериите на мозокот. Миокарден, или срцев инфаркт, е ако дојде до прекин на циркулацијата на крвта во коронарните артерии на срцето.

Создавањето тромби во организмот може да се избегне со намалено конзумирање на сол, почесто пешачење, додека пак во случај на појава на болест што може да предизвика тромби, како што се срцеви аритмии, проширени вени и проблеми со коагулацијата, антикоагулантните лекови ќе помогнат да се намали ризикот од тромбоза.

Возрасната група, во која овие згрутчувања се почести, опфаќа лица постари од 60 години, но може да се појави во која било возраст, особено кај жените што земаат контрацептивни таблети или доколку постои генетска предиспонираност на тромбози.

Клучот за избегнување на овој тип згрутчување е избегнување на подолги периоди на неподвижност. Пешачењето, спортувањето или која било друга физичка активност се од суштинско значење за да се намали ризикот од појава на тромбоза.

Најчестите симптоми во случај на присуство на тромб се оток, зголемена температура на кожата или болка во екстремитетот. Неопходно е да се направи тест наречен „ехо-доплер“, кој овозможува прекинот на протокот на крв да се визуализира брзо, ефикасно, лесно и да се идентификува местото каде што се наоѓа тромбот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author