https://www.facebook.com/photo/?fbid=531133842345017&set=basw.AboWaD3qoTBoydY5fJIHwuG0f_pCdOF1HMhcfWqlReDjIPN86BJV5K06M43yZC1XhpyT6KipCocHZztYapsVBuTu6cSNSvk4XJBFWOU4YoL-NwL5KzuiyaYGlaTbay8KsQiDoUX2NDg3MUd_j728PiKA&opaqueCursor=Abqdom6LKwReXGviC9fyc6nuw7CbchU2c6kUAk-wM2pifBkmJs5jXxAVawJVIkmSkQg1MiC4AsXvGETY21BIEUGIfK3b0S323SKt-9LbDniX36Xg_J3xNBdM12AyWSgQDVZ1Xxp3Nor_uTMCQrHnZnzAGtuN_sSgbYPP6SR7l0jlnnupkNnUub8OSmAsYXSfuc2pbJ3lHZITw2pVlfV2pCVF6m3iLYdP8AIXWo7SXwDOsRqrT6sT_SY-xvUPYZAD2Wmn_wZe7mRbrUGE-MSDVviJz-Qy2ptuY28dRVWOf7QzDFa5Djg3Xy3DL0jrgPYJgv1aIt6DduebCZ6ts1oWPU0R1weScqMXiYew7CKVvze1sbnP7pypyruc6_0AWvU-FBB-9G2JTrHKqFhxxtW-c1hDIU9aH3M3iiCXJyCNOqcPOZ1ZJRS2VFsB8GNfT_-Xj8OUVS2e5u-ag41C6UJ0TQmKmyI4BYHCC-UbX6V-jP0LdQjOIa8nuacLuD4zJN9tJRJUYlyPnE0226T5xksF9FJDyPxUKKsWVYIeb5LmMTlbVkQTsIu1QtMZcMt33AkbeYcbK7AiqXsGpfEfBgddEq4rN5slA1jqI8o_FQTxbLJczs4TJTPF1ejksScr-iA2PVNtiHOIutNT5BmnEB4uHt7MSlqOgwObQniJCc45IrJ7KjbYPY6W1y4NS4YTsBzC_-7PqKTku4glNQT0kwDxTdpGt4l_TaWX-evxhO3gaaErZPpCZvB1aP3NCA8o6gWc8jKnM9MEpdtkzeshZzEHIwmVy1SHFWSgwNTRZfU-ioraoyFnAW8K9_8raBO_lH-dPF9eH2BDAJVkZG3NH2tC3tA0Iwakybl550SIjfoTDTQlzIGHz1WQQ57tLY2LcLQpnw2zMPKlo3l5KHMxprtzAFMyain9P-hqX7X01xtPnwMaG0XgdJ-bngBq4sUCWGnCMU-b5HXdByRoClZkXRJ1U-B2vZhxh1UjZTotdmIcrSHH7g

05.10.2022 Скопје

Галаб Донев, в.д. премиерот на Република Бугарија пред почетокот на денешната владина седница, изјави дека бугарските гласачи, кои учествуваа на изборите со својот глас или одбивање да гласаат, одлучија дека коалициската формула за создавање влада е неизбежна.

Донев посочи дека гласањето беше мирно и транспарентно, без одредени прекршувања и граѓаните слободно го изразуваа својот глас, согласно законот. Воедно, истакна дека една од главните задачи на преодната влада беше да ги подготви и организира предвремените парламентарни избори на 2 октомври, а упати и честитки за добро завршената работа на сите министри кои беа директно вклучени.

Според Донев, слабиот одѕив на гласачите на изборите и значителното гласање за „не поддржувам никого“ се повод да се анализира и преиспита однесувањето на партиите.

Техничкиот премиер на Бугарија додаде и дека со тоа што не поддржуваат никого или не гласаат, гласачите ги обврзуваат бугарските политичари да ја понудат својата подобра верзија и во наредните денови претседателот ќе го свика 48. Народно собрание.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author