https://mk-mk.facebook.com/jzuugak/photos/pcb.5548668275227438/5548662691894663/?type=3&theater

21.10.2022 Скопје

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, завчера ја обележи 75-годишнината од своето постоење.

Директорката на ГАК, доц. д-р Викторија Јовановска, пред присутните на свечената академија се обрати со говор на кој истакна дека се поклонува на сите генерации кои ја имаат изградено установата, и додаде дека премногу е горда што е дел од најубавиот товар и дека секој ден се повеќе се вложува да се изгради политика за унапредување на услугите, ГАК да стане рационален центар и безбедно место за секој пациент.

Клиниката е место во која не се раѓаат само новороденчиња, туку и иднината на кадарот на Република Северна Македонија, и доблест е да се раководи со толку голема установа каде секој доктор, секој еден од средниот медицински персонал, помошниот кадар и администрацијата се совршен спој на сложувалката на ГАК, истакна Јовановска.

На прославата по повод јубилејот, беа присутни бројни професионалци и великани, кои со своето знаење и посветеност оставиле голем печат на Клиниката, и во знак на длабока почит им беа доделени благодарници.

Пораката од свеченоста од јубилејните 75 години од основањето на ГАК, е да има уште поголеми успеси во иднина, да има многи тимски непоколебливи играчи, и да се достигнат перформанси кои ќе бидат запишани во светските достигнувања, истакна дитекторката Јовановска.

Подготвено од М.Н.

About Author