27.10.2022 Скопје
Минатата недела, кинеската државна телевизија објави дека претседателот на Кина, Си Џинпинг, има кажано дека Кина е подготвена да соработува со САД во корист на двете земји, пред евентуалната средба со американскиот претседател Џо Бајден во Индонезија.
Кинескиот претседател Си, во пораката на настанот на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, истакна дека како големи сили, Кина и САД, треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да помогнат во обезбедувањето стабилност на светот.
Двете земји беа во несогласување околу политиката на Кина кон Тајван, односите на Кина со Русија и од неодамна, напорите на САД да ги спречат нејзините полупроводнички компании да продаваат технологија на кинески компании.
Кина неодамна беше нервозна од низата посети на американските функционери на Тајван. Кина соопшти дека САД испраќаат „опасни сигнали“ на демократски управуваниот остров, за кој Кина тврди дека е свој.
Си Џинпинг, кој штотуку обезбеди револуционерен трет мандат како лидер на владејачката Комунистичка партија која ја надгледува втората по големина економија во светот, го осуди странското мешање во Тајван и неодамна рече дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила над него.
Подготвено од А.Ѓ.