28.10.2022 Скопје
По телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Кина е подготвена да ги продлабочи односите со Русија.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји истакнал дека Кина цврсто ќе ја поддржи руската страна под водство на претседателот Владимир Путин.
Во соопштението стои дека Кина го поддржува Путин во обединувањето и водење на рускиот народ кон надминување на тешкотиите, елиминирање на пореметувањата, остварување на стратешките развојни цели и натамошно етаблирање на Русија како голема сила на меѓународната сцена. Воедно, се наведува дека Лавров и Ји размениле мислења за Украина и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес.
Ова е прв разговор меѓу Лавров и Ји, откако САД воведоа санкции против Кина.
Подготвено од А.Ѓ.