https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%8F_%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D1%82%D1%8B_%D0%BF%D0%BE_%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D1%83_%D1%80%D0%B0%D0%B9%D0%BE%D0%BD%D1%83_%D0%BA%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D0%B0_(6).jpg

18.10.2022 Скопје

Руските сили ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев со неколку последователни експлозии. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека е погодена клучната инфраструктура и дека екипите на службата за итна интервенција се на местото на настанот.

За разлика од пет минути, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, излезе со изјава дека две серии експлозии одекнале во северниот дел на градот, односно недалеку од едно индустриско претпријатие.

Во експлозии пак во градот Житомир, биле оштетени две енергетски постојки, и екипи се веќе упатени кон тие објекти. Украински новинари ги опишуваат овие руски напади од утринава како „огромен удар за енергетската инфраструктура“, бидејќи во сите напади во градовите на Украина се оштетени значајни инфраструктурни објекти.

Подготвено од М.Н.

About Author