30.10.2022 Скопје
Нашиот натпреварувач, Калин Ивановски, кој е трет носител на турнирот, денеска во полуфиналето за скоро два часа игра го совлада Италијанецот Андреа Гуериери со 7:6 (5) и 6:3, и со оваа победа македонскиот тенисер го дели уште еден триумф од освојување на трофејот во Хераклион во Грција.
Македонецот до сега на турнирот покрај Гуериери, ги елиминираше и Јеничек од Чешка, Германецот Ванкан и Никод исто така од Чешка, а противник на Калин Ивановски, во големото финале ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу првиот носител Себастијан Гама од Романија и четвртиот носител Павел Неједли од Чешка.
Подготвено од М.Н.