https://www.facebook.com/photo/?fbid=1546313665763128&set=a.110473592680483

19.10.2022 Скопје

Школската година веќе е започната и една од главните маки на секој родител е грижата за децата додека тие се на работа.

Некои родители имаат опции, односно ги ангажираат бабите и дедовците за земање на децата од училиште и нивно згрижување додека нивните родители се на своите работни места, некои дури и мораат да плаќаат лица кои би се грижеле за децата, а некои родители ги оставаат своите деца во дневен престој во училиштата.

Од страна на родителите постои дилема која опција е најдобра за менталното здравје на своите деца, дали дневниот престој трае доволно долго и се соодвестува на работното време на родителите.

Од друга страна пак има дилеми бидејќи во некои училишта децата одат во две смени и родителите кои немаат друга опција приморани се своите деца да ги остават во училиште рано наутро па се до завршување на часовите односно до 18 часот.

Од некои родители дознаваме дека во некои училишта имаат поднесено иницијатива да се дозволи на децата кои оваа година се тргнати во прво одделение да одат само прва смена, бидејќи временски премногу е за нив цел ден да седат во училишнате клупи, но за жал директорите на училиштата остануваат глуви на овие барања што додатно допринесува револт кон родителите а секако и негативно влијае на децата.

Подготвено од М.Н.

About Author