06.10.2022 Скопје
Претседсателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој ќе се одржи од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија, донесе одлука дека ќе учествува онлајн.
Од Уставниот суд со соопштение истакнаа дека поради економската ситуација во Република Северна Македонија, Добрила Кацарска донела одлука со својата делегација да не патува во Индонезија, бидејќи трошоците се многу високи, односно изнесуваат некаде околу 14 илјади евра.
Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека Светската конференција за уставна правда, обединува 119 уставни судови, совети и врховни судови во Африка, Азија, Америка, Австралија-Окејанија и Европа.
Централна тема на Конгресот ќе биде „Ограничувањето на улогата на уставните судии во одржувањето на мирот“. Конгресот ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската правда за човекови права, како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото во секое демократско општество.
Подготвено од М.Н.