https://www.flickr.com/photos/46450451@N06/34155862683/in/photolist-U3eJ1c-2jhHKtE-dhwaie-oDPd8W-dFpme4-rYGyQj-DMLtTD-dhwaH6-2jjHJUg-2kT3MMq-5EtpG2-2cnYVug-dFuMb7-2hBVECQ-2hyE993-2mvPyEz-2kbNnVT-p9kuva-2h4GjQ3-fwBZyN-2nyMJBC-akrd6W-2jN3ztm-2hBJhpF-2hvH6PR-nBqzVL-8stDgd-QvUGRY-eefD5m-28fDdMM-dc3B4E-2jsiNKt-2nbaHQL-dc3CEA-KwuwZc-RC1S2-2j9iC7T-2mvPyJn-TBvpwX-2hvKNNo-WYyJZj-dFuLJ5-2hvKNQT-XcRQi4-ju9JAC-2nNebq9-2jXHm44-2nPHGxe-2mvXkfp-2nEmph7

05.10.2022 Скопје

Во мирниот град Гангнеунг, кој инаку се наоѓа во Јужна Кореја, предизвикана е паника поради неуспешно лансирање на балистичка ракета откако падна на земја и предизвика голем пожар.

Во вечерните часови, јужнокорејската војска истрелала балистичка ракета со краток дострел, Хјунмун-2, која се урнала веднаш по лансирањето поради дефект.

Ракетното гориво се запалило за време на падот, но за среќа капсулата не експлодирала, соопшти претставник на јужнокорејската војска.

Сеул и Вашингтон имаат спроведено повеќе заеднички вежби, вклучително и лансирање на проектили, како одговор на севернокорејското лансирање на балистички ракети со среден дострел, која што прелета над Јапонија во вторникот.

Од градот Гангнеунг, многу жители во паника ја повикале градската управа, но од таму првично не знаеле за што се работи бидејќи немале никакво предупредување или известување дека војската ќе оддржи такви вежби во текот на ноќта.

Подоцна со соопштение од Генералштабот на војската на Јужна Кореја, известија дека нема жртви во овој немил настан и дека ќе ги истражат причините за неуспешното лансирање на балистичката ракета.

Подготвено од М.Н.

About Author