17.10.2022 Скопје
Јужнокорејските сили ги започнаа своите годишни одбранбени вежби Хогук , наменети за зајакнување на нивната способност да одговорат на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани во услови на зголемени тензии околу воените активности на двете Кореи.
Во сабота треба да завршат вежбите и се најнови во серијата воени вежби на Јужна Кореја во последните недели, вклучително и заеднички активности со САД и Јапонија.
Пјонгјанг реагираше воинствено на јужнокорејските и заедничките воени активности, нарекувајќи ги провокации и заканувајќи се со контрамерки.
Сеул истакна дека вежбите на Јужна Кореја се редовни и фокусирани на одбраната.
Началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека јужнокорејските војници, заедно со дел од американските сили, ќе се фокусираат на одржување на подготвеноста и подобрување на способноста на војниците да спроведуваат заеднички операции за време на вежбите Хогук.
Подготвено од А.Ѓ.