25.10.2022 Скопје
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, во Луксембург потпиша Работен договор за соработка со Европската главна обвинителка, Лаура Кодрута Ковеси.
Овој договор има за цел да ја олесни меѓусебната соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства, за да биде обезбедена ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривичните дела, особено кога станува збор за злоупотреба на финансиски средства од европските фондови, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
На потпишувањето на овој Работен договор во седиштето на Европското јавно обвинителство, присуствувале и јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами и вршителот на должноста шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ, Миле Прангоски.
Подготвено од М.Н.