https://www.flickr.com/photos/uwmadisoncals/27781299461/in/photolist-JjWqrK-86nmiM-289pHEz-6WoqFo-bsLByK-aMEMXM-3XCunL-wYc1Gm-2moNwEC-22tHWBQ-7mMrMG-2kcazY3-2hkSWYC-8sSkdo-eYHaCR-bnbL1y-nh1Rfs-4z2LSM-65Vdgm-2kFXvC5-NaSS7z-f39vPt-r7621T-TVd4sT-oLLR4V-qPeNxH-2ijtkXA-2hkSY8B-Vu5hWW-9Z2Fyh-2mYvtra-2kF6DCd-dxpNNZ-6tNFrh-2iW3PL5-LGuH35-oKFkXW-2hBzFHa-qFSXLd-6PTqKp-aDVzF4-FJTEnZ-2jiYUj5-CvCDJ6-5nxXEb-7E9EiA-fWgxGL-2jhqjFc-2jj4GMb-2gJsY85

20.10.2022 Скопје

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги информираше земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој-АФПЗРР, ја има реализирано исплатата по основ на дополнителни директни плаќања за градинарски и овошни култури, предадени во преработувачки капацитет.

Вкупно кон 3.942 производители на градинарски култури, кои своето производство го предале во преработувачки капацитет е исплатена финансиска поддршка од 230 милиони денари.

Исплатата за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.7, за овошни култури предадени во преработувачки капацитет е извршена кон вкупно 178 производители на овошни култури, со исплатена финансиска поддршка од над 16 милиони денари.

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакнаа дека посветено ќе продолжат да креираат мерки и политики за поддршка на земјоделците, за да имаат стабилно и квалитетно производство, и поголем принос на домашното производство предадено во домашни капацитети.

Подготвено од М.Н.

About Author