19.10.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, претседателот Стево Пендаровски ја прими вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Како што соопшти прес-службата, претседателот Пендаровски се заблагодари за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија. Соговорниците споделија мислења и информации за извештајот на Европската комисија и оценија дека тој е јасен патоказ за понатамошно спроведување на домашните реформи.
На средбата се разговараше и за предизвиците од енергетската и економска криза, војната во Украина, како и регионалната соработка, европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан.
Подготвено од А.Ѓ.