https://www.facebook.com/makedonija1/photos/bc.Abo2i1AvKZ06SM5em8LbDsGEgpVTpM9QNWghzzH36qZoy581NcmJL38vsqGw21iOvyIMhAOuRPEYB_V8ICFeW3Xj76HpBuFJ70nHEmlXy1J4DgpxRw09pqpi-ma0IylOwxsN5UBmsnSnKGaZNMWPW3f7XWFSNd9_RIuI5PKtCytyaQ/555114027906801/?opaqueCursor=AboqMe2hw0Zx0ev3cr6CJSo6qzCqxQzyL45z7KXIC1BU_-5Ov0WDGldqY7iQRrrnvRUGJ1Olk-ofiiYDFWo6GML9JRtPySq5EaGJhPO-8Za9vV8Dva_skJmN-9iLDlHRVptYdb6rbSsQizEYPQDJDQJw87qXTqeKjkkhqLsPfqgMf97F5-_upT_fwR336C-NvRy47Bd7uq5HxUGyYiIBbFtHhQ2e4S2CBWlBSh9iCIHr_i4_r_CkNXPDmxxGUh7Uz1_2PyAaggmhN5x6FQHfJvlQMVZeWr4e0uuSrEsReYI20ccO2EU6_OvghQyNGIj513eXyCNWdNW6MKnxjs5cZcEcl1ouYxx9dT6UOMoneAE1_Nglrgnd5LENU3nSN2jtoan-6koRqjxRLE4EI_20zj30ydCA_zSp3LMTAucc8MCVApsPz9KriyKjbvo1FEvfm9e74_T2OvNvM3qfB1nHORfVfIGNDcQVOr1gxhea9OFvYzwIdY0NPgIIiht0qXUyQJ9SjrS9R9FBwOGwlLVRZSwKi1AvTJSE-0de_R6WJ8V9VSHZu3sE1RoqGAYvx435IO8OiGFWK8qNR7_LvUlIoV5hVgkEoaoBOMrxOFMlg0S9rvpo3ciHPrn3Az1tKbgdc4s

18.10.2022 Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање, на вчерашната јавна расправа, го презентираше Нацртот на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, во кој се предлага категоријата на заштита, зонирањето на заштитеното подрачје, како и начинот на управување.

Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање, истакна дека Кањонот Матка е еден од најспецифичните и најуникатните природни локалитети во државата. Воедно, додаде дека богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објетки на природата во Република Северна Македонија, нагласувајќи дека прекрасните видиковци, богатството со спелеолошки објекти посебно пештерите, уникатниот жив свет, културното и духовно богатство, како и близината до градот Скопје даваат безброј можности Кањонот Матка да стане еден од главните туристички еко дестинации во државата.

Со Нацртот на Законот се предвидува со споменикот на природа Кањон Матка да управува Град Скопје во соработка со општина Сарај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author