14.10.2022 Скопје
Во Нови Сад беше отворена изложбата „Јосиф Михаиловиќ – основачот на модерното Скопје“, која е посветена на предвоениот градоначалник на нашиот главен град.
Во аналите, Михаиловиќ е запишан како творец на модерно Скопје, а во негово време е изградена браната на Матка, резервоарот за питка вода во Рашче, како и речиси сите значајни јавни објекти на главниот град, кои го преживеаја катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Српскиот културно-информативен центар од Скопје ја организираше изложбата, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.