https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10159551809222978&set=pb.618002977.-2207520000.&type=3

25.10.2022 Скопје

Вечер, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во галеријата „КО-РА“ во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Стефан Димовски насловена „Каде одиме…?“.

Виолета Калиќ, дипломиран историчар на уметноста, во каталогот за изложбата на Димовски пишува дека светот на Стефан Димовски не престанува да нè изненадува, секогаш со еден нов изблик на колоратурна свежина, со сиот изблик на хроматска ведрина, со магичнoста на колажните структури и гамата преточена од хармониите на флуидни пасажи до игросказот на колажните сегмнети преточени во питорескна структура, до пастуозноста на акцентите кои ја посочуваат импресијата од најразнородна екпресија, која го проткајува сетосеобилство на разнородни инвентивни сегменти, секогаш сплотени како самопоникнати, затечени и инсертирани секвенци, воспани со различни соодноси, модулации и ре-модулации.

Калиќ додава дека со сета повеќекратна симболика, која рибата како мотив ја има низ севкупната генеза запазено, овоплотен во неброени монументи, мозаици, од античкиот или ранохристијанскиот период сè до денес, во еден непрекинат континуитет, таа плени и вдахмовува, секогаш еден нов приод и интерпретација.

Изложбата „Каде одиме…?“ започнува во 19.00 часот.

Стефан Димовски е роден во 1983 година во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author