https://www.flickr.com/photos/nenadstojkovic/49931525671/in/photolist-2j5h7ZD-9e42H3-bXEHTb-5R9QUB-cf4chJ-5Re8B9-W9HX3r-NNmqgq-bWxmGf-5b9fRE-kGGJwX-5b9cHo-4McpMS-bKwgLk-W3eMVG-5b8TUb-6nrxtV-6nvERS-6nvG7C-6nvEU3-6nrywr-6nrxx2-6nryg6-5b9777-6nvG91-5b4Uta-5b8rdA-5b8zPQ-5b4YmB-5b9ago-6nvFrq-5b8tHy-49Tkcd-6nrxMz-6nrxkx-5b4ukV-5b454t-pVjs8x-dtMJ1y-Kf7uhi-es9dWA-2e5gNma-2kmWCJJ-tCYhjK-2kst4yo-2gDQyqB-zY7gGN-BvFn2i-pcTfGK-FedJps

25.10.2022 Скопје

Постои верување од експертите дека читањето на лоши вести може да биде деструктивно за нашето здравје, физичко и ментално и може да доведе до големи здравствени проблеми.

Зависноста од читање на лоши вести или таканареченото „scrooling“ е лоша навика која научниците ја опишуваат како постојано сурфање во бесконечен прилив на негативни вести, и иако тие сами по себе се демотивирачки и депресивни, студијата покажува дека секојдневно бројот на зависници станува се поголем.

Од над илјада анкетирани луѓе, 16,5 отсто покажале знаци на сериозно проблематично конзумирање на вести, што доведува до повисоки нивоа на стрес, анксиозност и лошо здравје во целина.

Професорот кој е и главен актер на студијата, Бојан Меклафлин, објаснува дека постојаното чекање нови вести од негативна природа, може да доведе некои поединци во многу големи неволји, без разлика дали се работи за психичка или пак физичка состојба.

Кај овие поединци се случува маѓепсан круг каде што, наместо да престанат да читаат негативни вести, тие стануваат уште по опседнати од нив и никако неможат да престанат да ги ажурираат сајтовите кои што известуваат за споменатите настани. Овие поединци го прават тоа за да ја задоволат својата емоционална вознемиреност но наместо да ги смири нивната вознемиреност е се поголема.

Скролувањето на судот е специфичен феномен бидејќи тоа е однесување кое произлегува од човечката потреба за смиреност, намерно бараме информации со кои би се опуштиле, информации кои би ни помогнале да ставиме крај на несигурноста или да се држиме во зоната на знаењето, па дури и да понудиме нешто добро за да го победиме злото, објаснува Меклафлин, истакнувајќи дека постојаното читање на лоши вести може да стане подеднакво лоша навика како што е прејадувањето или пак недоволното спиење.

Подготвено од М.Н.

About Author