https://www.freepik.com/free-photo/macro-photograph-word-euro-euro-banknote_17244782.htm#query=inflation%20economy&position=24&from_view=keyword

31.10.2022 Скопје

Инфлацијата во еврозоната се очекува да достигне ново рекордно високо ниво од 10,7% во октомври.

Доколку во ноември Евростат, официјалната агенција за статистика на блокот, ги потврди овие податоци, ова ќе биде прв пат инфлацијата да го надмине прагот од 10%.

Зголемувањето беше поттикнато од цените на енергенсите за кои Евростат проценува дека се за 41,9% повисоки од истиот месец минатата година. Во меѓувреме, се верува дека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснале за 13,1 отсто на годишно ниво.

Инфлацијата во септември изнесуваше 9,9 отсто.

Балтичките земји остануваат најдлабоко погодени со годишната инфлација која останува над границата од 20%. Естонија е прва со проценка од 22,4%.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author