Image by wirestock on Freepik

20.10.2022 Скопје

Извештајот на Евростат покажа дека инфлацијата во ЕУ силно забрза во септември, достигнувајќи ново рекордно ниво од 11 отсто.

Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), достигна 10,9 отсто во септември, што е ново највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да објавува податоци.

Во еврозоната се искачи од 9,1 на 9,9 отсто, што е исто така ново највисоко ниво откако Евростат ги објавува извештаите.

Табелите на Евростат покажуваат дека новите рекордни годишни стапки на инфлација се резултат на континуираниот силен раст на цените на енергијата, за 40,7 отсто во областа на примената на заедничката европска валута. Во август, тие се зголемени за 38,6 отсто.

СЕЕбиз пренесува дека повторно силно поскапе и свежата храна, за 12,7 отсто во однос на ланскиот септември. Во август беше поскапо за 11 отсто од истиот месец лани.

Стапката на инфлација, во однос на август, е зголемена во 20 земји-членки, во шест паднала, а во една остана непроменета.

Во септември потрошувачките цени најмногу пораснале на Балтикот, за 24,1 отсто во Естонија, за 22,5 отсто во Литванија и за 22 отсто во Латвија.

Во Хрватска, годишната стапка на инфлација, мерена со ХИЦП, во септември изнесува 12,6 отсто и е непроменета во однос на август. Во септември минатата година изнесуваше 3,5 отсто.

Најблиску до Хрватска според стапката на инфлација во септември беа Грција и Белгија, каде таа изнесуваше 12,1 отсто.

Германија, најголемата европска економија, беше еднаква на просекот на Унијата.

Италија, третата по големина економија, имаше инфлација од 9,4 отсто.

Франција забележа убедливо најслаб раст на потрошувачките цени во септември, од 6,2 отсто.

Малта и Финска го задржаа своето место во групата со најниски стапки на инфлација, со раст на потрошувачките цени од 7,4, односно 8,4 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *