18.10.2022 Скопје
Националниот статистички институт соопшти дека инфлацијата во Бугарија е зголемена во септември и го достигна највисокото ниво во изминатите 24 години.
Потрошувачките цени се зголемија за 18,7 отсто на годишно ниво во септември, побрзо од растот од 17,7 отсто во август.
Последната висока инфлација била во мај 1998 година, кога изнесувала 18,8 отсто.
Само трошоците за комунални услуги се зголемија за 30,6 отсто на годишно ниво во септември, а цените за храна и безалкохолни пијалоци се зголемија за 25,5 отсто.
Потрошувачките цени, на месечна основа, во септември се зголемија за 1,2 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.