https://www.facebook.com/photo/?fbid=643622387128902&set=bc.AboeaM5Gq7e6Hfxwn30FeW7PMqC8f-Ku9E_VacDPErusCHnKmLWon0ufuP8MWu1UTnUIqIsZHjl9yvUPmnB7jKSfqnzHij2Ilx-i7pxQbhy6UgM9WFl_jzSHxUDJAL6VbR9CbKS4BcBqHW7zJVsIRZHx&opaqueCursor=AboAgI9PxiKMPQXxymAuA-Ezv02727jhDuq1OdoDA4B9Rg_mxNd-bc6mtHt0V9eOvcJ_LfkR-95XSPiBDgpvinCM02rESF5laA4623WppZwT3L_vG6S6JyUD3Vm1DfhWwT5WL-Wqe9L7-nyfpCE01sFOU7BKhBXtcmesFDQUMTiQdgTL_O5LWOL4PkFmcb1r9F-OQkMvdmQKDljlLuZREwoaJBmA_dX5HwMTHzO1MoTqwOOmK4QUnAdaz8WjSpMZQ0tOhz47SewypSirQluA79dWtt9VzJ39v6-BXOqsrmMIKOkgIQi3qALA7mRHdRkmREM6vzDoClq5fKq3jUGoCC06c53VIvKIPeE9iDOxnJqeRsAihvTytJNI8-H5fUQWn8xmFLF54vWLg43HN9_z5uFRxGkPXqBsULLoNI41hrvlHbtJQppwJO0-8G-5lJlwTfMDO8-nEFESigUsrLngLKPTpqwALx3XJgRktCyw9SOZCeRtrUhAVErNd7VF9hruTwwxwTydrTzyRpmsl8lhq7vNmSfG19uBXqMXPnjVrX3f2o5ShrmWv7s2y2_bMviBZNX5Fuhn21EPVweUPV2czLU-uKKYxsJSurnf8E3shHC6nTSbUvMQPbfO5Wrq1MqXu7w

28.10.2022 Скопје

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го заврши преземањето на компанијата „Твитер“ за 44 милијарди долари.

На Твитер, Илон Маск напиша „птицата е ослободена“, во очигледна референца за затворање на договорот.

Наводно, голем број врвни директори, вклучувајќи го и шефот, Параг Агравал, се отпуштени.

Со тоа се става крај на сагата според која Твитер оди на суд за да го задржи милијардерот до условите на договорот за преземање „од кој се обидел да избега“.

Твитер сè уште не го потврди преземањето, но еден од инвеститорите во компанијата изјави за Би-Би-Си дека договорот е завршен.

Во извештаите на американските медиуми се истакнува дека главниот извршен директор на компанијата, Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот правен и политички извршен директор на фирмата, Вијаја Гаде, повеќе не се во компанијата.

Биз Стоун, ко-основачот на Твитер, им се заблагодари на Агравал, Сегал и Гаде за нивниот „колективен придонес“ во бизнисот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author