15.10.2022 Скопје
Британската меѓународна хуманитарна организација Оксфам соопшти дека хуманитарната ситуација во Кенија, Сомалија и Етиопија се влошува, а Сомалија ја има најголемата суша од 2011 година.
Оксфам наведе дека во Источна Африка на секои 48 секунди умира по едно лице од глад.
Во соопштението се посочува дека нема доволно врнежи во Источна Африка во четирите сезони на дождови и дека се очекува дождовната сезона да биде слаба во следните три месеци. Исто така, се наведува дека климатските промени уништија голем дел од посевите и ги натераа сопствениците на добиток да го напуштат традиционалниот начин на живот.
Оксфам, воедно, објави дека се потребни дополнителни 3 милијарди долари за да се достави соодветна помош за оние на кои им треба во Јужен Судан, Сомалија, Кенија и Етиопија.
Подготвено од А.Ѓ.