28.10.2022 Скопје
Изјавата на хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, ги насмеа сите Хрвати, објавија тамошните медиуми, откако на прес-конференција на хрватското Министерство за здравство се разговараше за здравствените реформи, а министерот сакаше да употреби народна мудрост, но направи лапсус кој ги насмеа сите.
„Здрав човек има сто жени“, изјави Берош, кој во истиот момент предизвикал смеа во салата, и откако свати што кажал и самиот се насмеа и призна дека ваков лапсус му се случува веќе вторпат во денот.
Подоцна се поправи во својата изјава и потенцираше дека сакал да каже дека болниот човек има само една желба, а тоа секако е да оздрави, додаде министерот Вили Берош.
Подготвено од М.Н.