17.10.2022 Скопје
Првиот човек на хотелска асоцијација Крсте Блажески изјави дека доколку нема помош од државата поголемиот број хотели, кои се на слободниот пазар на електрична енергија ќе бидат принудени да стават клуч на врата.
Големите хотелски капацитети плаќаат поголеми даноци и се најголемите работодавачи во туристичката индустрија, а за нив досега не е предвидена никаква помош.
Блажески истакна дека Без конкретна финансиска помош, поддршка за плати или субвенционирана електрична енергија околу 1.500 луѓе вработени на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа.
Под притисок на инфлацијата, енергетската криза и високите трошоци хотелските капацитети во земјава нема да бидат конкурентни на пазарот во регионот, наспроти нивните колеги во земјите каде добиваат субвенционирана електрична енергија.
Хотелската асоцијација најави дека деновиве ќе поднесе и официјално барање за помош од државата.
Подготвено од А.Ѓ.