18.10.2022 Скопје
Александар Грушко, рускиот заменик министер за надворешни работи, изјави дека Москва би била разочарана доколку Србија воведе санкции против неа и дека е убеден дека секоја влада која се води од националните интереси нема да врши политичко харакири со воведување санкции против неа.
Според Грушко, кога Западот воведува санкции против Русија, тие всушност воведуваат санкции против себе. Воедно, додаде дека сите знаат за состојбата со енергетскиот секторм дури и во сферата на прехранбената безбедност, нагласувајќи дека тоа е токму резултат на санкциите кои ја влошија и онака критичната состојба како последица на пандемијата.
Заменик министерот за надворешни работи Грушко, на крајот од посетата на Белград, истакна дека приклучувањето кон санкциите, теоретски, е воведување санкции против самиот себе.
Во саботата, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека српскиот претседател Александар Вучиќ го прими Грушко за време на неговата посета на Белград на 13 и 14 октомври.
Грушко разговараше и со министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, како и со министерот за внатрешни работи, Александар Вулин.
Александар Грушко, заменик министерот за надворешни работи на Русија, и неколку претставници на истото министерство во саботата присуствуваа на хуманитарен концерт во Рускиот дом во Белград насловен како „Српско срце – ранета словенска Србија, како гест на волјата на српскиот народ да им помогне на жртвите во Донбас“, а со видео врска од Луганск, советничката на лидерот на т.н. Луганска Народна Република, Ана Сорока, се заблагодари на организирањето на концертот.
Подготвено од А.Ѓ.