https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/52027720457/in/photolist-2ngvEF4-2ngBcPc-2nLU9HG-bC8mRj-2ntSu11-2kRArm9-2mctimE-2nPFFq3-2iBhq6u-2mAqJ2o-2nMG5zd-2nAEPXQ-2mtqena-2noVGCR-2nfPSGm-2nMGCmq-2mFXtng-2ntM9HQ-2niqJWP-bR33C2-2nPWgwT-2kY4dR5-2m24ogj-2nJ2VtY-2mxUtTU-bC8mZN-2n6qfzC-2mPx3Cs-2mcQBrZ-2mntVLe-9keTuo-2nJ2hrq-2nJ2da2-2mjrozC-2jxB8RU-2nJ8D1j-2kLeqcH-2nJ9igo-2nJ2d8U-2nLU9EF-2nJ2d8Z-2nJ9ifb-2nMG5yb-2kfHHfa-2kLeqfo-2kxTFB4-2kRzoQs-2kLeTWB-2hX4xEb-2hX1Y5w

29.10.2022 Скопје

Решавањето на прашањето за формирање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје се одвива бавно, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси.

Гроси додаде дека не знае дали ќе се воспостави безбедносна зона, но дека обидите ќе продолжат. Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, се наоѓа на југот на Украина, а од февруари е под контрола на руските сили.

Гроси исто така додаде дека е многу фрустриран, бидејќи очигледна е слабата безбедноста околу Запорожје, и истакна дека никој неможе да гарантира нуклеарка, поготово кога централата се наоѓа во воена зона.

Во почетокот на септември, мисијата на (ИАЕА) предводена од Гроси го посети објектот, а два членови на тимот останаа како набљудувачи, по што подоцна го објавија извештајот во кој се повикува на хитно обезбедување на безбедносна зона околу Запорожје.

Подготвено од М.Н.

About Author