https://www.facebook.com/photo/?fbid=596004030428378&set=a.298595615631372

18.10.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи на Грција ги повика грчките граѓани да не патуваат во Украина, а на оние кои се таму, веднаш да ја напуштат земјата.

Од грчкото МНР посочуваат дека со оглед на тоа што безбедносната состојба во Украина и понатаму е нестабилна и несигурна, продолжува да важи она што беше наведено во соопштенијата од 14 и 22 февруари 2022 година, односно издадените препораки пред почетокот на војната.

Паралелно, не е исклучена можноста министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска да го посети Киев, нешто што самиот го најави вчера, иако, нема официјална најава.

Пред почетокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија во Луксембург, вчера, Дендиас истакна дека на состанокот ќе стане збор за ситуацијата во Украина во конкретната фаза во справување со руската инвазија.

Дендиас, утрово ги информира претставниците на политичките партии за последните случувања во грчката надворешна политика, па евентуалната посета на Киев, веројатно би била попладне.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author