25.10.2022 Скопје
Граѓански активисти бараат од власта, додека трае кризата да биде стопирано извршувањето, која дополнително ја отежнува тешката економска ситуација на секој поединец.
Граѓанските активисти ја поттикнаа власта и да донесе неколку законски решенија од кои основно е да бидат избришани каматите на долговите во јавните претпријатија а се бара и замрзнување на каматите но и на трошоците, откако каматата ќе ја достигне висината на главниот долг.
Пред две години имаше измени во Законот за извршување со кои беше прецизирана листата на категории на лица и примања кои се изземени од извршување, како што се примањата од правата и социјалната помош, социјалната заштита, од правата на заштитата на децата, и беше ограничена висината на извршување од една третина на една петтина од плата или пак пензија, со што беа испочитувани препораките на Народниот правобранител Насер Зибери.
Граѓанските активисти се осврнаа и на брзите кредити и од инспекторите бараат да ги зајакнат инспекциските контроли кон овие институции и да има построги мерки за давањето на брзите кредити, бидејќи граѓаните во кризниот период прилично се заглавени со нив, и казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, односно суштината да биде откако каматата ќе ја достигне висината на главниот долг, таа да престане да тече.
Подготвено од М.Н.