20.10.2022 Скопје
Поголем број на граѓани реагираат дека имаат добиено сметка за електрична енергија во која е пресметано само цената на улично осветлување, а домашната потрошувачка им е нула.
Граѓаните се загрижени дека на ваков начин, не по своја вина, можеби ќе влезат во потрошувачи од повисока тарифа каде што струјата е драстично поскапа.
Од ЕВН изјавија дека граѓаните кои имаат добиено сметка со нула потрошувачка, е поради тоа што имаат преплатено во предходните месеци и сега сметките, односно износот им се порамнува.
Исто така од ЕВН истакнаа дека отчитувањата на броилата се одвива во текот на целиот месец, а корисниците се поделени во четири календарски недели на отчитување, и потенцираа дека никогаш нема да направат наплата повеќе од тоа што корисниците го имаат потрошено во тековниот месец.
Подготвено од М.Н.