28.10.2022 Скопје
Германската фондација за меѓународна правна соработна (ИПЗ), во уставниот суд ја донесе судиката за воведување на уставна жалба во која се пренесени искуствата од Уставниот суд во Германија. Граѓаните на Република Северна Македонија, ќе имаат можност да се жалат до судот за сите уставни-загарантирани права а не како што беше ограничено до сега.
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, на средбата со претставниците на ИПЗ, истакна дека РСМ е една од ретките држави кои немаат воведено уставна жалба.
Сега граѓаните пред Уставниот суд можат да се жалат засега на само три групи слобода и права, а тоа се: слобода на мислата, уверување и јавно изразување, политичко здружување и дејствување како и по однос на пол, раса, национална, верска, совилална и политичка припадност.
Претставниците на германската фондација потенцираа дека проектот е одобрен од министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и изразија голема загриженост за состојбата во која се наоѓа Уставниот суд со непополнувањето на судиските места, бидејќи поради тоа се закочени многу важни прашања за граѓаните, како што на пример е воведувањето на уставната жалба.
Подготвено од М.Н.