https://www.facebook.com/photo.php?fbid=155367983783151&set=pb.100079298505045.-2207520000.&type=3

27.10.2022 Скопје

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, изјави дека ниту има дадено дозвола, ниту пак забранил отварање на приватен македонски клуб. Стојанов тврди дека некој шпеулира со неговото име и со градоначалничката институција и дека сите информации за забрани кои протекоа во овие недели се лага.

Овој настан, според Стојанов, нема никаква поврзаност со општината а и лично со него, и вели дека Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен настан и дека покана има добиено но нема да оди на отварањето.

Повод за изјавата на градоначалникот на Благоевград е информацијата која ја имаа објавено од ОМО „Илинден“-ПИРИН, дека отворањето на клубот официјално го дозволил градоначалникот на градот.

Предходно пак, Советот на Општината Благоевград го забрани отворањето на македонскиот клуб поради името кое ќе го носи, бидејќи Никола Вапцаров бил „македонист“, со образложение дека Благоевград нема да биде центар за пропагандни провокации.

Подготвено од М.Н.

About Author