https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/pcb.649579596793975/649571126794822/

07.10.2022 Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Улица и патишта, Саид Саид, извршија увид на финалната фаза од изградбата и реконструирањето на 6 улици во општината Ѓорче Петров, со вкупна површина од 16.000 квадратни метри.

По барање на граѓаните во оваа Општина за да добијат услови какви што заслужуваа, некои улици се реконструирани а некои до сега никогаш не биле асвалтирани.

Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска, изјави дека сите заедно работат за да обезбедат соодветни услови бидејќи во програмска определба на градот било во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да бидат делови од населени места, кои до сега очигледно биле заборавени.

Директорот на ЈП Улица и патишта, Саид Саид, на увидот истакнал дека започнато е да се работи на подготовка за асвалтирање на улици кои се дел од завршната фаза на проектот, со ископ на гребен асвалт, ставање на тампон слој, и пристапување кон завршната фаза, односно асвалтирање со нова асвалтна маса.  Со тоа ќе бидат подобрени условите на живеење на граѓаните од општината, а секако и ќе биде подобрена безбедноста на сообраќајот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *