gori krimski most

08.10.2022 Скопје

Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека на Кримскиот мост, што го спојува полуостровот со Русија, утрово експлодирал камион, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму.

Во соопштението се наведува дека камион што доаѓал од полуостровот Таман експлодирал денеска во 6 часот и 7 минути на патниот дел од мостот Крим, при што се запалиле резервоарите со гориво во возот што сообраќал во правец на полуостровот Крим.

Од експлозијата на камионот се урнале два патни делници од мостот на Крим.

Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Михајло Подољак, се огласи на Твитер по спротивставените извештаи за експлозијата што го оштети Кримскиот мост.

Подољак напиша дека тоа е „почеток“, но не напиша дека Украина е директно одговорна за екплозијата на мостот. Тој, воедно, истакна дека се што е нелегално мора да биде уништено, а се што е украдено мора да се врати во Украина, како и дека се што е окупирано од Русија мора да биде протерано.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author