10.10.2022 Скопје
На глобално ниво, чајот се смета дека е најконсумираниот пијалок, и според некои студии се укажува дека чајот може да го намали ризикот за дијабет.
Зелениот заедно со црниот чај, потекнува од семејството билки Camellia, поточно од видот Camellia sinensis, кој во азиските земји, особено во Кина, зелениот чај се пие со векови. Поради неговите изворедни ефекти, зелениот чај станува популарен и низ земјите ширум светот.
За разлика од црниот чај, зелениот не подложи на процес на ферментација, и затоа има значително подобра антиоксидативна содржина, и според некои истражувања 30% од сувата маса на зелениот чај, отпаѓа на антиоксидативните материи, како што се полифеноли, антоцијанини и најразлични типови флавонодини антиоксиданти.
Интересно е да се каже дека овој чај содржи многу повеќе корисни фитохемикалии во споредба со многу билки, зачини, овошки и зеленчуци кои важат за супер здрава храна.
Една нова студија која била презентирана во EASD (European Association for the Study of Diabetes), го проучувала ефектот кој може да го има чајот врз здравјето, односно потенцијалниот позитивен ефект кој го има врз намалување на ризикот од дијабет.
Според земање на повеќе различни фактори во предвид, научниците заклучиле дека оние кои пијат чај, односно битна е количината на внес на зелениот чај, над 3 шољи дневно, имаат намален ризик за дијабет, а исто така дека чајот е корисен и за низа други здравствени состојби, како сто се кардиоваскуларното здравје, инсулинска резистенција, подобрување на циркулацијата и уште многу други здравствено придобивки.
Подготвено од М.Н.