vlada vo germanija

28.10.2022 Скопје

Денеска, германската влада одобри купување на 24,9 отсто од акциите на кинеската компанија „Коско“ во еден од трите терминали на логистичката компанија ННЛА во најголемото германско пристаниште во Хамбург.

Ова е помал удел од првичната понуда на кинескиот бродски гигант, кој сакаше да преземе 35 отсто од акциите, а не му дава право на Коско во управувањето или стратегиските одлуки, пренесува Ројтерс.

Компромисот беше постигнат и покрај значителното политичко противење за вмешаноста на Коско во германското пристаниште и доаѓа една недела пред најавената посета на канцеларот Олаф Шолц на Кина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author