12.10.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, Црвениот крст на град Скопје објави дека генерал потполковникот Методија Величковски, со своето заминување во пензија, одлучи да направи хумано дело и наместо прослава за пензионирање, средствата ги донира во Црвен крст на град Скопје.
Генералот Методија Величковски средствата ги пренасочи за набавка на медицински материјали, ленти и ланцети за мерење на гликемија, потребни за корисниците на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ и набавка на лекови за бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст.
Од Црвениот крст на град Скопје изразија благодарност за хуманиот гест, кој е вистински позитивен пример во нашето опкружување.
Подготвено од А.Ѓ.