06.10.2022 Скопје
Француската влада соопшти дека по штрајковите во рафинериите и складиштата за енергенси кои го прекинаа производството и ги блокираа испораките на гориво во Франција, посегна до националните стратешки резерви на нафта за да обезбеди снабдување на бензински пумпи што останаа без гориво.
Оливие Веран, портпаролот на француската влада, изјави дека ситуацијата е тензична, но нема недостиг од гориво на национално ниво. Воедно, Веран апелира до потрошувачите да не паничат да купуваат гориво.
Властите, во најпогодениот регион От-де-Франс, ја забранија продажбата на бензин и дизел на клиентите во канистри.
Подготвено од А.Ѓ.