12.10.2022 Скопје
Владата на Франција е подготвена да интервенира за да го прекине повеќенеделниот штрајк во рафинериите за нафта, поради кој една третина од бензинските пумпи се веќе останати без гориво.
Штрајкот на работниците во рафинериите врши притисок над Владата на Францускиот претседател Емануел Макрон, поради зголемената инфлација која доведе до зголемени сметки за домаќинствата, а од страна на власта нема никакво решение за надминување на кризата.
Макрон изјави дека за надминување на кризата и една од опциите за спас е да се искористат стратешките резерви на гориво во земјата доколу е потребно и доколку не се изнајде друг начин за регулирање со зголемувањето на сметките за домаќинствата од овие енергенси.
Подготвено од М.Н.