https://www.flickr.com/photos/39966206@N02/15102591784/in/photolist-p1yJnw-2n3dKtt-2mRGZiH-2iZCWaW-2g6K6z8-2jDiU4M-21vX5by-Gxadnh-2jWJRfo-2dHN1Ro-29SUnyp-PCRBWX-2jGRWKU-2i9BCLA-2mWwP8A-S4byCV-2h9f16p-2i5Gmnw-2iQUQan-2hh7kMr-2jGFb7f-QRCQqY-2j8haiF-av7Ux4-QciX7c-2nmJ55E-bebfeX-2nBgrgv-2iqcNfC-hupsNv-24UZq52-23726SY-2msMMfQ-rAueeA-2kKmku4-2fvyLgT-2mh7bN6-2nL8XxZ-2j2TYtS-2jJ424o-2kYuR3C-2n184G9-fA37JE-2Fhhyv-2j1UGNy-2mcbpAr-2erDHU3-2dHtZgN-2ekmY3y-2f42iYR

18.10.2022 Скопје

Врховниот суд за административна правда во Франција, и наложи на владата да плати казна од милион евра поради лошиот квалитет на воздухот во градовите во Франција.

Судот донесе пресуда дека владата нема направено доволно напори за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот диоксид биле надминати во Париз, Лион и Марсеј.

Државата е осудена да плати 20 милиони евра како казна кон еколошките организации, иако во 2021 година, Државниот совет веќе еднаш ја има казнето Франција со 10 милиони евра откако еколошките организации се пожалија за лошиот квалитет на воздухот, повикувајќи се на европските правила за квалитет на воздухот.

Судот најави дека следната година повторно ќе го оценува квалитетот на воздухот во Франција а особено внимание ќе има во градовите Лион, Париз и Марсеј, кои моментално се со најнеквалитетен воздух во целата држава.

Подготвено од М.Н.

About Author