https://www.flickr.com/photos/163537656@N03/52156119039/in/photolist-2n6TbRo-2nsKjEJ-2nsRK6H-2nsKjFf-2nbASzU

03.10.2022 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон, во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека неодамнешната руска анексија на четирите украински региони е незаконска и дека со европските партнери работат на нови санкции за Русија, а Франција ќе и помогне на Украина да го врати својот територијален интегритет.

За време на разговорот, Макрон и Зеленски ја отвориле и темата за ситуацијата со нуклеарната централа Запорожје и констатирале дека итно е неопходно да се обезбеди ротација на украинскиот персонал кој ја обезбедува работата и безбедноста на овој објект.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author