11.10.2022 Скопје
Кетрин Колона, шефицата на француската дипломатија, изјави дека Белорусија би можела да се соочи со санкции доколку се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.
Во текот на вчерашниот ден, белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека им наредил на безбедносните сили да се распоредат во близина на украинската граница, заедно со руските сили, како одговор на, како што рече, јасната закана за Белорусија од Киев и земјите кои ја поддржуваат.
Забелешките на Лукашенко, кој е на власт во Белорусија од 1994 година, укажуваат на потенцијална ескалација на војната во Украина, веројатно со заеднички руско-белоруски заеднички сили во северна Украина.
Подготвено од А.Ѓ.