07.10.2022 Скопје
Претседателот на Здружението „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски, на денешното отварање на истоимениот клуб на Здружението изјави дека регистрацијата е направена со сите потребни документи и дека се било регуларно од нивна страна.
Вели дека нивната намера ниту пак помисла не е да направат провокација, или пак некоја штета, а името го избрале бидејќи се почитувачи на царот на Бугарија.
За денешниот протест против отворањето на клубот во Охрид, Блажевски истакна дека тоа е граѓанско право и тука не сакаат воопшто да бидат вмешани.
Блажевски истакнал дека отворањето на здружението пред една година било во нормала и никој ниту ги стопирал или пак забранил, не сакаме да провоцираме, ние живееме во Охрид, и никогаш сме немале проблем околу ова, но сега бидејќи се исполитизираа работиве затоа погрешно сме сватени од граѓаните, изјави претседателот на здружението Томе Блажевски.
Ние се оградуваме од тоа дека имаме некаква соработка или пак фашистички движења, доколку некој го докаже спротивното слободно нека не судат, меѓутоа нашето Здружение не е такво а нема да биде ниту новоотворениот клуб, посочи Блажевски, и нагласи дека се запазени сите закони и дека ја почитуваат оваа држава.
Подготвено од М.Н.