25.10.2022 Скопје
Во официјална посета на Република Северна Македонија во текот на утрешниот ден ќе пристигне претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од СВР-Скопје известуваат дека утре и задутре ќе превземат мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на град Скопје и упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.
Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војната во Украина и енергетската криза и целта на оваа посета е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.
Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.
Во однос на барањето на Република Северна Македонија да добие помош од ЕУ за набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарна цена, потпаролот Ерик Мамер изјави дека нема информација за оваа тема во овој момент. Останува да се види дали македонските власти ќе го повторат ова барање од фон дер Лајен, и дали таа ќе биде во можност да пружа помош околу оваа проблематика.
По посетата во Скопје, фон дер Лајен ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота.
Подготвено од М.Н.