https://flickr.com/photos/reneweuropegroup/49059841932/

22.10.2022 Скопје

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во изјава по завршувањето на вчерашниот состанок на шефови на дипломатии, одржан во Берлин во рамките на Берлинскиот процес, најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донесе идната недела во Скопје пакетот за енергетска поддршка.

Во своето излагањ, министерот Османи се осврна на предизвиците со кои се соочува Република Северна Македонија и на мерките преземени за нивно поскоро решавање. Нагласи дека она што се смета за особено важно за нас е, од една страна, иницијативата за Берлинскиот процес да обезбеди поврзаност со ЕУ процесите, но истовремено и да се обезбеди меѓусебна комплементарност преку размена на позитивните искуства на земјите.

Во однос на билатералните средби, Османи истакна дека имал важна средба и со неговиот бугарски колега Николај Милков, на која разговарале за тековните случувања во односите помеѓу двете држави при што имаат дојдено до заклучок дека никој од провокаторите нема да ја киднапираат важната агенда што ја имаат договорено меѓу двете држави.

Османи, воедно, нагласи дека договориле една агенда на позитивни случувања во наредниот период, како што вели, конструктивни проекти во односите меѓу државите како што се враќање на секторските работни групи одржување на бизнис форум наскоро во Скопје и во Софија, со цел да се врати позитивна динамика меѓу двете држави.

На состанокот на Берлинскиот процес министрите усвоија Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во регионот.

Претходно, на 19. месецов, министерот за економија Крешник Бекшети го потпиша писмото со конкретни барања од државава за помош од Европската комисија за справувањето со последииците од енергетската криза.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author