https://www.facebook.com/photo/?fbid=458122879683288&set=a.283986353763609

07.10.2022 Скопје

Комисијата за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од Општина Гази Баба распиша КОНКУРС за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од Општина Гази Баба за учебната 2022/2023 година.

Износот на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа Општина Гази Баба. Стипендијата ќе се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец септември од тековната календарска година, заклучно со месец мај од наредната календарска година.

Право на стипендија може да остварат и повеќе ученици од едно семејство, а доколку талентираниот ученик или ученикот спортист добие стипендија како талентиран ученик и ученик спортист, не може да добие финансиски средства од други јавни повици за стипендии за талентирани ученици и ученици спортисти на Општина Гази Баба.

Право на доделување стипендија на талентиран ученик и ученик спортист има секој редовен ученик и ученик спортист има секој редовен ученик кој е запишан во општинско основно училиште на подрачјето на Општина Гази Баба, да не прима друг кредит или стипендија од Општина Гази Баба или од друг давател и да има континуирано одличен успех. Воедно, треба да е член на здружение за спорт или индивидуален спортист и да се бави активно со спорт.

Со барањето за стипендија, талентираните ученици и учениците спортисти треба да приложат и оригинал или копија од уверение за упис на тековната учебна година како редовен ученик, за сите полнолетни членови на семејството на ученикот да се достави потврда за висината на последната плата за вработените, за пензионерите последен чек од пензија, а за невработените лица потврда за невработеност од завод за вработување, како и нотарски заверена изјава за бројот на членовите на семејството и дека подносителот на барањето не прима стипендија или кредит од Општина Гази Баба или од друг давател. Исто така, треба да приложат и оригинал или копија од тековната состојба на здружението за спорт издадена од Централниот регистар во кој членува, односно спортува, и потврда дека ученикот спортист членува во здружението за спорт.

Барањата за стипендии се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, а се поднесуваат во затворен плик со назнака „Барање за стипендија за талентиран ученик“ или „Барање за стипендија за ученик спортист“, на кој пишува „Не отворај“.

Во учебната 2022/2023 година, Општина Гази Баба ќе додели 21 стипендии на талентирани ученици и 21 стипендии на ученици спортисти.

Рокот за поднесување пријави за кандидати за стипендии ќе трае до 15 октомври 2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *