30.10.2022 Скопје
Македонските репрезентативци во категориите У21 кумите -84 кг на Витомир Трајковски и +84 кг на Стефан Стојановиќ успеаја да се изборат за финале на најелитното младинско карате првенство во светот, што се одржува во Коња, Турција.
Стојановиќ во првото коло го победи Гркот Карвоунис Сергиос со 2:0, во вториот круг извојува победа со 1:0 против натпреварувачот од Косово, Мирлинд Реџепи, во третиот круг извојува победа против Американецот Едуард Сагилиан со 2:1, во четвртиот круг го победи босанскиот натпреварувач Анес Бостаџиќ со 2:1 со што и тој се пласираше во полуфиналето, а потоа по 4:0 над Осман Османли исто така успеа да се избори за финале.
Трајковски пак во првиот круг го елиминираше натпреварувачот од Индија, Гири Пранјал, со резултат 8:0, во второто коло извојува победа со 3:0 против Словенецот Тимотеј Јордан, а во третиот круг го победи натпреварувачот од Катар, Абдула Бабикр, со 2:1, а потоа, во четвртиот круг го совлада Хусејн Хусејнзаде Азербејџан победи со 1:0 со што се пласираше во полуфиналето каде со 2:0 против каратистот од Мароко, Ашраф Хбила успеа да се избори за финале.
Според најавите се очекува двете финалиња да се оддржат во недела.
Подготвено од М.Н.