https://www.flickr.com/photos/felton-nyc/50768586607/in/photolist-2kmfh3K-2m8ti4s-2kmfaAw-2kkX6b7-2kTa2fb-2ku1YZP-2mhDzGG-2kgwCYV-dumwRw-2m895fK-2me6oXF-2mpYRCW-2kw2YmW-2kUCoLh-2kdjhhm-2khx5ir-2mc6pfU-2k4ZpJ3-2kGPq21-2mZvwXL-2kXhxjF-2miW4Ve-2kForzp-2kp5Zd8-2mHiocZ-2mbohDb-2m6xCDY-2k52GrT-2kT1HWT-2ktGJej-2mfb5hn-2kjUTGF-2m1gbHc-2kYyH8h-2nf16b3-2kCQr1z-2kpeNvb-2n84dy5-2khRW4s-2kii8rT-2ksPCJ3-2nAXnmK-2m2Xmpf-2kjgn6f-2mJjvQB-2kuzJqK-2kAzqJv-2ne8UW4-2m5vvag-2ku3zSx

15.10.2022 Скопје

Европското обвинителство потврди дека истражува набавка на вакцини против Ковид-19 во Европската Унија. Бидејќи ова истражување се уште е во тек и се собираат потребните материјали, нема да бидат објавени дополнителни детали, истакна Европското обвинителство.

За време на пандемијата, Европската комисија, преговараше и договори стотици милиони дози на вакцини во име на земјите-членки, постапката постојано беше критикувана, бидејќи договорите беа само делумно обелоденети, или пак имаше доцнење во испораката на вакцините.

Што точно во моментот обвинителството  истражува, останува нејасно. Со месеци особено беше критикуван договорот за до 1,8 милијарди дози на Фајзер/БиоНТек од пролетта 2021 година. Тогаш обемот на договорот беше проценет на 35 милијарди евра.

Се претпоставува дека за овој договор пресуден бил личниот контакт меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер, Алберт Бурла.

Според извештајот од септември, Европскиот суд на ревизори нема добиено никакви информации од овој договор.

Подготвено од М.Н.

About Author